"Нејзиното лице е 99% пластика и 1% кожа": Фановите шокирани од изгледот на славната русокоса

Точка

28/01/2020

14:01

6.413

Големина на фонт

а а а

Славната русокоса е на удар на критики дури и од оние најверните фанови.

Гвен Стефани на доделувањата на овогодинешните Греми награди се нашла на удар на критики поради лицето без ниедна брчка на 50 години. 

Малку кој не би се согласил дека американската пејачка Гвен Стефани изгледала беспрекорно на доделувањата на овогодинешните Греми награди, каде дошла со сопругот Блејк Шелтон. Сепак, многу фанови забележале големи промени на нејзиното лице.

50-годишната Гвен на црвениот тепих се појавила во минијатурна тоалета и во високи чизми, облеката ја менувала три пати, но најмногу внимание привлекувала со својот неверојатно свеж изглед, без ниедна бркча на лицето, и речиси порцеланскиот тен.

Така веднаш се појавиле гласини за тоа дека популарната пејачка во последно време се повеќе оди на естетски зафати за да изгледа помладо, бидејќи тешко дека во своите години би постигнала таков сјај само благодарение на козметика, или добри гени.

Не минало многу време пред на социјалните мрежи да почнат да кружат коментари.

"Боже, што направила Гвен со своето лице?", прашува еден фан.

"Еј Гвен, престани со пластичните операции и ботоксот на твоето прекрасно лице. Почнуваш да изгледаш како лажна Мадона", рекол друг обожавател.

"Лицето на Гвен се состои од 99% филери и 1% кожа", вели една девојка.

"Гвен, што си направила? Срамота", напишал друг фан.

Ова не е прв пат фановите да ја нападнат со негативни коментари поради наводните корекции што кои направила на лицето. Во април минатата година била критикувана поради претераното зголемување на усните и пластичниот изглед, но Гвен тоа одлучно го игнорира и засега во јавноста не се огласила за својот изглед.




Спонзорирани линкови

Маркетинг