ЕУ стави неколку руски службеници на црната листа

Макфакс

28/01/2020

12:16

748

Големина на фонт

а а а

Земјите на ЕУ се согласија на црната листа да стават неколку руски службеници кои спроведувале избори на Крим во септември 2019 година, изјави дипломатски извор за руската агенција ТАСС.

Постигнат е договор за воведување ограничувања за неколку руски функционери поради изборите во 2019 година на Крим и во Севастопол, пренесува ТАСС.

Конечната одлука ќе биде донесена во текот на денот во Советот за општи работи на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг