Хорор сцена во Скопје: Мртов коњ закачен за камион низ скопските улици

Точка

29/01/2020

08:46

10.730

Големина на фонт

а а а

Фотографијата која се појави на Фејсбук страните "Ѕид на сообраќајниот срам" и "Ремедиум Вет" ги згрози Скопјани.

Може да се заклучи дека фотографијата од транспортот на мртвиот коњ е направена во главниот град на земјава, со оглед на регистрациите на возилата. 

"Што е ова бе, имаме ли душа и мозок? Па и умрено животно треба достоинствено да се транспортира. Не можам да си поверувам на очите", гласи коментарот на една шокрана корисничка на Фејсбук.

"Држава полна со психопати и монструми, луѓе без грам совест", "Имаме ли нешто човечко во себе...што народ ќе бевме, што стока. Не сме луѓе, ѕверови сме. Деца гледаат, ова се трауми", се само дел од коментарите кои ги оставаат потресените корисници на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг