"Беше поголем од животот": Коељо и Коби Брајант пишувале заедничка книга

Точка

28/01/2020

10:01

1.495

Големина на фонт

а а а

Трагично загинатиот поранешен кошаркарски ас Коби Брајант и бразилскиот писател Пауло Коељо работеле на заедничка книга за деца, но авторот на "Алхемичарот" го избришал нацртот на книгата по смртта на кошаркарот во хеликоптерската несреќа, јавува "AP".

72-годишниот Коељо рекол дека тој и Брајант разговорите за проектот ги почнале во 2016-та година, кога кошаркарот на Лејкерси и петкратен освојувач на титулата шампион на НБА се простил со својата 20-годишна кариера, а книгата почнале да ја пишуваат пред неколку месеци. 

Веднаш откако слушнал за смртта на Брајант, Коељо соопштил дека ќе го избрише нацртот на книгата, бидејќи не сака да ја заврши без него.

"Го избришав нацртот бидејќи не видов никаква смисла во објавување на книгата без него. Тоа немаше да значи ништо ни за него ни за неговото семејство", рекол Коељо во телефонски разговор за AP од својот дом во Женева.

"Тоа не значи дека тоа ќе ме спречи еден ден да пишувам за работите кои ги научив од Коби и за тоа како беше човек поголем од животот", рекол бразилскиот писател, додавајќи дека "книгата за деца повеќе нема смисла".

Познатиот писател, чии книги се продадени во десетина милиони примероци ширум светот, рекол дека идејата за книгата била како да се инспирираат деца од загрозени семејства, деца од пониски слоеви на општеството преку спорт да се изборат за своите места во светот.

Granity Studios на Брајант објавил романи за средношколци и млади, а во 2018-та година и неговата автобиографија "The Mamba Mentality: How I Play".



Спонзорирани линкови

Маркетинг