Се разведе, загуби 30 милијарди и ги обвини Саудијците: Конечно исплива вистината за крахот на бракот на Безос?

Точка

28/01/2020

10:11

2.875

Големина на фонт

а а а

Сојузните обвинители од Менхетн имаат докази дека Лорен Санчез, девојката на Џеф Безос ги предала нивните интимни пораки на својот брат, кој подоцна ги продал на таблодиот "National Enquirer".

Претходно, Џеф Безос тврдеше дека интимните материјали кои довеле до развод на неговиот 25-годишен брак, на таблоидот им ги предале Саудијците кои го хакирале неговиот телефон.

Обвинителите ги добиле податоците, меѓу кои и порака од 10-ти мај 2018-та година која од бројот на Лорен била испратена на бројот на нејзиниот брат Мајкл, а која содржела интимни допишувања со Безос. Меѓу доказите е и договорот од 2018-та година според кој "National Enquirer" на Мајкл Санчез му исплатиле 200 илјади долари.


Овие докази излегле на виделина во текот на истрагата околу тврдењата на Безос дека таблоидот изнудувал пари од него, заканувајќи му се дека ќе објави негови голи фотографии, како и тоа дека неговиот телефон бил хакиран. Најбогатиот човек на светот долго време сугерираше дека изворот на "National Enquirer" е Саудиска Арабија.

Најновото откритие доаѓа по извештајот на истражителите на Безос во кој беше наведено дека саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман го хакирал телефонот на основачот на „Амазон“ и сопственик на „Вашингтон Пост“, со вирус испратен преку WhatsApp порака.

Саудиските власти негираат дека зад сето тоа стои Бин Салман, тврдејќи дека само Санчез бил изворот на сензационалната приказна која ја разоткри аферата на Безос, додека пак Санчез негира дека има некаква врска со тоа.


Во јануари минатата година таблоидот ја разоткри аферата на Безос со Лорен, истата недела кога милијардерот објави дека се разведува од својата сопруга. Во таблоидот се најде и текстуална порака која тој ѝ ја испратил на Лорен, истата која таа во мај му ја проследила на својот брат.

После аферата, Безос и неговиот адвокатски тим започнаа да сугерираат дека зад протекувањето на пораките стојат Саудијците, а тоа беше поврзано и со фактот што новинарот на „Вашингтон Пост“, Џамал Кашоги беше убиен од Саудијците во конзулатот во Истанбул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг