Корона вирусот однесе над 100 животи: Бројот на заразени во Кина се зголеми на над 4 илјади, 125 лица во критична состојба

Точка

28/01/2020

08:44

2.207

Големина на фонт

а а а

Бројот на жртви од Корона вирусот се искачи на над 100, а ширум Кина потврдени се над 4,500 заразени лица, пренесува „СиЕнЕн“, наведувајќи дека американските власти ги советуваат своите граѓани да не патуваат во Кина.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ прецизира дека бројот на жртви во Кина пораснал на 106 и напоменува дека како последица на смртоносниот вирус едно лице починало и во Пекинг.

Властите од Хубеи, кинеска провинција која е жариште на вирусот, соопштија дека се потврдени нови 1,300 заразени лица од вирусот, со што бројката на заразени само во таа покраина порасна на 2,700.

Според последните информации, најголемиот дел од заразените се сместени во болница, а 125 од нив се во тешка здравствена состојба.

Досега се потврдени и бројни случаи на луѓе заразени од Корона вирусот и надвор од странство. Властите на Тибет соопштија дека поради вирусот оваа седмица ќе бидат затворени сите туристички атракции, а ќе биде и воведен специјален двонеделен карантин за сите патници кои влегуваат во покраината.

Американскиот центар за контрола на болести објави највисоко ниво на предупредување, односно трето ниво. Американските граѓани се советуваат да не патуваат во Кина доколку тоа не е неопходно.

„Во тек е епидемија на респираторна болест која ја предизвикува новиот Корона вирус кој може да се шири од човек на човек“, стои во соопштението на тој центар и се предупредува дека постои ограничен пристап на адекватна здравствена нега во погодените подрачја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг