Зборовите на Ана Франк мора да ги чујат сите - 10 цитати на девојчето кое е симбол за борба и секогаш ќе остане запомнето

Точка

27/01/2020

20:20

4.626

Големина на фонт

а а а

Ана Франк е симбол за борба, не само против нацизмот туку и против нечовештвото во секој облик.Ова е девојчето за кое знае цел свет, а преку неа се сеќаваме на жртвите од Холокаустот.

Ана било девојчето кое го пишувало својот дневник и кратките приказни, но нејзините зборови и мисли ја покажуваат нејзината зрелост и памет.

Ана Франк пишуваше за животот, љубовта, добрината, а и во најтешките моменти не ја изгубила својата позитивност и оптимистички дух.


Се потсетуваме на нејзините цитати:

1. Колку е прекрасно тоа никој да не мора да чека ниту еден момент за светот да почне да го прави подобро место.

2. Има само едно правило кое мора да се запомни: смеј им се на сите и заборави ги сите останати. Звучи егоистично, но тоа е единствениот лек против самосожалување.

3. Навистина е чудно што не сум се откажала од сите свои идеали затоа што изгледаат така апсурдни и невозможни да се остварат. Сепак не се откажувам од нив затоа што и покрај се сè уште верувам дека луѓето се добри.

4. Луѓето можат да ти кажат да замолчиш, но тоа не те спречува во тоа да имаш сопствено мислење.

5. Спомените ми значат повеќе од фустаните.


6. Сети се на целата убавина која е околу тебе и биди среќен.

7. Големината на човекот не лежи во богатството и моќта туку во карактерот и добрината. Луѓето се само луѓе и сите имаат име и недостатоци, но сите ние се раѓаме како добри луѓе.

8. Сфатив дека убавината секогаш насекаде постои - во природата, зраците од сонцето, слободата, во тебе самиот.

9. Родителите може да ти дадат добар совет или пак да го насочат детето на добар пат, но конечното формирање на нечиј карактер лежи во неговите сопствени раце.

10. Секако дека тој што е среќен и другите ќе ги прави среќни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг