Канаѓанец на итар начин спасил три мачиња од смрзнување

Точка

27/01/2020

18:56

2.763

Големина на фонт

а а а

Кендал Дивиш, нафтен работник од Канада, на итар начин спасил три напуштени мачиња од сигурна смрт, топејќи го снегот во кои тие биле заглавени со топло кафе.

Тој на својот Фејсбук профил објавил фотографија со мачињата и видео на кое е прикажано како ги спасил и со тоа ја известил јавноста за нивното здравје, велејќи дека снегот околу нив бил целосно заладен и дека мачињата најверојатно биле заглавени цела ноќ. Кендал додал и дека Канада во претходните неколку дена се соочува со екстремно ниски температури и дека е вистинско чудо што тие воопшто преживеале. 

Дивиш исто така раскажал дека ги одвел мачињата дома, по што ги нахранил и им дал вода.

“Сега се нахранети, здрави и пријателски расположени. Доколку некој од пријателите сака да ги вдоми овие три мали суштества, контактирајте ме. Сите тројца изгледаат како да се мажјаци”, напишал работникот на својот профил, а во коментари добил бројни пофалби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг