Сари со контроверзна изјава: Мило ми е што им помогнавме на Наполи

Точка

27/01/2020

16:10

1.324

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари не жалеше премногу што „Бјанконерите“ беа поразени синоќа од Наполи.

На последниот дуел од 21-во коло во италијанска Серија А, Јувентус претрпе пораз на гостувањето кај Наполи со 2:1. Сепак, тренерот на торинскиот клуб по натпреварот и не беше баш незадоволен.

„Среќен сум поради екипата. Ако моравме да изгубиме, мило ми е што тоа беше на натпреварот против Наполи на кои им помогнавме да се извлечат од проблемите. Секако, би сакал да почнеа да победуваат од следната седмица“, изјави поранешниот тренер на Наполи.

Сепак, навивачите на „Сан Паоло“ упатија низа на навреди на сметка на Маурицио Сари.

„Се исклучив од сѐ кога започна натпреварот. Секако, Наполи секогаш ќе зазема посебно место во мојот живот и секогаш е емотивно да се вратам тука“, изјави Сари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг