Фудбалерот на Јувентус, Емре Џан е блиску до трансфер во редовите на Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.
Наводно „Милионерите“ деновиве ќе испратат понуда на адреса на торинскиот клуб. Сепак, реализацијата на трансферот нема да биде лесна, затоа што Џан во Јувентус иако не игра многу, сепак заработува плата од 5 милиони евра по сезона.
Сепак, од друга страна Емре Џан веќе подолго време не е задоволен од својот статус во Јувентус и не го крие тоа дека има намера да го напушти италијанскиот клуб.
Една од опциите на Борусија Дортмунд е да се обидат да го доведат Џан на позајмица, а на фудбалерот и дефинитивно ќе му одговара да се врати во Бундес лигата и да се обиде да добие повик за германската репрезентација на претстојното Европско првенство.