Почна “одмаздата“ на кралицата Елизабета: Им ги скрати сите привилегии, а сега на Меган ѝ го одзела и вредниот подарок од венчавката

Точка

27/01/2020

17:22

21.561

Големина на фонт

а а а

Откако Меган и Хари одлучиле да бидат финансиски независни, со денови се зборуваше за нивната изненадувачка одлука.

Иако кралицата Елизабета ја прифати нејзината желба, многумина тврдат дека токму таа моментално немала избор, но дека нивната одлука “скапо ќе ги чини“, а според последните информации изгледа дека нејзината “одмазда“ веќе започнала.

По одземањето на титулата и барањето да се надополнат трошоците за реновирање на куќата на принцот Хари и Меган Маркл која е платена со јавни пари, британската кралица Елизабета продолжува со скратување на луксузот во кој овој млад брачен пар уживаше додека не се одрекоа од кралскиот статус.


Сега на поранешната војвотка од Сасекс исто така скратено ѝ е правото на користење на накитот од кралската колекција која Меган ја обожуваше.

Одземен ѝ е и популариот прстен со син камен кој го добила по венчавката со Хари, пишуваат од „Stil“.

Кралицата првобитно сакала да ѝ го одземе и накитот кој го носела на денот на венчавката, а кој специјално бил направен за неа со помош на парчиња од колекцијата накит кој ѝ бил подарен на принцезата Дијана, но на крајот се предомислила и ѝ дозволила истиот да го задржи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг