Како да предвидувал што ќе му се случи: „Не може живот без смрт“

Точка

27/01/2020

16:29

6.424

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите кошаркати на 21-от век, Коби Брајант, загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро, по локално време.

Имал 41 година, а она што сега може да го забележиме е дека тој низ неговиот живот на некој начин си ја предвидел својата животна несреќа, а не му било тешко ниту да зборува за смртта и односот кој го имал кон неа.

Така во едно интервју за „Ringer“ одговорил баш на прашањето каква е неговата врска со смртта.

„Имам комфорна врска со смртта. Тоа е разбирањето. Не може да имате живот без смрт, не може да имате светлина без темнина. Работата е во прифаќањето. Кога ќе дојде време да одлучите да се пензионирате, треба да прифатите дека еден ден ќе умрете, бидејќи тоа е нешто со што се соочуваат сите спортисти. Ако се бориш, тогаш секогаш ќе се бориш во себе, така што сум опуштен по тоа прашање“, одговорил Коби на прашањето на водителот.

Овие негови зборови звучат исклучително морничаво и предвидливо, набљудувајќи од оваа ситуација, после последните случувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг