Зидан и Начо открија што се крие зад нивната еуфорична прослава

Дерби

27/01/2020

14:27

726

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид изби на врвот на табелата како самостоен лидер откако синоќа славеше на гостувањето на „Хосе Зорилја“, натпревар кој „кралевите“ го добија доста потешко од очекувњата.

Како клучен за минималниот триумф над Ваљадолид се покажа голот на дефанзивецот Начо, играч кој со својата професионалност ги воодушевува фановите на Реал и покрај тоа што ретко добива шанса. Синоќа, Начо погоди со глава во 71-та минута и неговиот гол му донесе драгоцени три бода на тимот од шпанската престолнина, а интересно беше тоа што дефанзивецот погодокот го прослави со Зинедин Зидан.

– Навистина многу се израдував со Начо. Пред да се изведе корнерот, му реков да отиде во шеснаесетникот и да се издвои на првата статива. На крајот даде гол. Тој е дефанзивец кој ретко постигнува голови и затоа многу се израдував за него, – откри Зизу кој го прегрна Начо.

– Не беше предвидено да бидам во нивниот шеснаесетник, но Зидан ми рече да отидам на првата статива и судбината посака топката да дојде до мојата глава, – изјави Начо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг