Отворено признание на пејачката: „Џастин Бибер ме злоставуваше“

Точка

27/01/2020

15:13

6.172

Големина на фонт

а а а

Пејачката која повеќе години беше во врска со Џастин Бибер сега конечно открила како изгледала нивната врска.

Пејачката Селена Гомез, која била долги години во врска со Џастин Бибер ја отворила душата за американските медиуми и рекла дека од него доживувала злоставување.

Селена, која своевремено се повлече од јавноста за да прави трансплантација на бубрег, моментално ги промовира своите нови песни, а една од нив е посветена токму на Џастин.

„Тоа е песна за нашиот однос. Ние имавме нешто убаво, но во еден момент сето тоа стана премногу тешко. Беше грозно и мило ми е што заврши. Најдов сила во тоа што го доживеав затоа што опасно е да останеш во менталитетот на жртва. Но, доживеав злоставување до одредена мера“ - рекла Селена во новата песна "Lose you to love me".

Таа не сакала да влегува во детали затоа што рекла дека надминала сè што доживеала со Бибер.

„Не сакам да се враќам на сето тоа. Ми беа потребни многу години за да разберам што ми се случи. Сега се чувствувам силно, доволно силно за да проговорам за тоа, но тоа не значи дека сакам да го направам тоа“ - рекла таа.


Џастин неодамна објави дека боледува од повеќе пореметувања и напишал дека тоа влијае на неговиот изглед и однесување. Сепак тој сè уште не се огласил за да го прокоментира ова тврдење на Селена Гомез. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг