Синиша Михајловиќ повторно примен во болница

Дерби

27/01/2020

13:22

1.281

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ во текот на вчерашниот ден повторно е примен во болницата Сант Орсола.

Српскиот стратег бил примен за да прими третман кој е неопходен после секоја трансплантација на коскена срцевина.

Од болницата „Сант Орсола“ за да ги прекинат шпекулациите се јавија и со офицјално соопштение по повод состојбата на Михајловиќ.

– Господинот Михајловиќ утрово е примен во болница за да биде подложен на антивирусен третман, неоходен по трансплантацијата на коскена срцевина. Медицинскиот персонал верува дека должината на неговиот престој во болницата би требало да биде пократка од претходните, - стоеше во соопштението од болницата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг