Роналдињо го испофали младиот фудбалер на Арсенал: Ме потсетува на Роналдо…

Дерби

27/01/2020

13:20

1.198

Големина на фонт

а а а

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо, имаше само пофални зборови за фудбалерот на Арсенал кој оваа година е ретка светла точка на тимот, Габриел Мартинели.

18 годишниот фудбалер веќе постигна десет погодоци на 21 натпревар, а последен погодк му е тој во дербито против Челси кога го претрча целиот терен и во стил на голем стрелец го матираше Кепа Аризабалга.

Ваквите настапи на Мартинели го натераа Роналдињо да го спореди играчот со големиот Роналдо.

– Ние како Бразилци сме многу возбудени за него и неговата иднина. Едно е да имаш талент, но друго е на 18 години да имаш таква самодоверба. Ме потсетува на Роналдо во првата сезона во Европа кога псотигна 30 погодоци, а луѓето се прашуваа кое е тоа бразилско дете. Тој ја посакуваше топката, трчаше околу играчите, не се плашеше без оглед на тоа кој е против него, а тоа го гледам и во Мартинели. Тој сака да ја има топката и да постигнува голови. Роналдо стана најдобар фудбалер во светот, а тоа може да го стори и Мартинели, - изјави Роналдињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг