Светот е во шок поради загубата на славниот кошаркар Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана, а на социјалните мрежи се шират бројни емотивни фотографии, но и снимки од нив двајца.
Една од снимките која во моментот на објавување стана вирална и собра повеќе од 10 милиони прегледи за помалку од 24 часа е онаа на која Коби со насмевка од уво до уво зборува за тоа колку е горд на Џиџи.
Имено, легендата на НБА во видеото зборува за тоа дека верува дека неговата ќерка ќе стане големо име во светот на кошарката, но раскажал и анегдота која отсликува колку младата Џијана била борбена.
Kobe talking about Gianna literally just broke my heart pic.twitter.com/bID5k7Gvn6
— Jimmy Randazzo (@JimmyRandazzo) January 26, 2020
“Најдраго ми е кога јас и таа сме заедно, па нѝ приоѓаат некои фанови и велат: Треба да добиеш син, на тебе и на Ванеса ви треба момче, некој да ја продолжи традицијата”, а таа во тој момент вели: “Препушти ми го тоа на мене”’, истакнал Коби во емисијата кај Џими Кимел.
Коментарите на Твитер на оваа снимка се срцепарателни, а повеќето се сложиле дека ваквата изјава им ги скршила срцата.
“Ова ме уништи”, “Сега таа и нејзиниот татко ќе можат засекогаш да играат”, “Биле толку блиски и толку слични”, “Ова го крши моето срце”, се само некои од коментарите.
Инаку Коби и Џијана токму поради нејзината кошаркарска кариера имале многу близок однос и често биле заедно – тренирајќи или гледајќи различни натпревари од трибините. Тој во целост ја поддржувал ќерката и постојано ја следел на бројни тренинзи и турнири.