Најемотивниот момент на доделувањето на Греми наградите: Деми за првпат на сцената по предозирањето, сите во солзи поради Коби

Точка

27/01/2020

11:30

4.562

Големина на фонт

а а а

На доделувањето на Греми наградите доминирале солзи, тага и болка поради трагичната смрт на кошаркарската легенда Коби Брајант.

Церемонијата беше одржана во Стејплс центарот во Лос Анџелес, домот на Лос Анџелес Лејкерс каде Брајант одигра најмногу натпревари во текот на својата кариера. 

Пејачката Алиша Кис која го водела доделувањето, го посветила шоуто на Брајант, а ја отпеала и песната “It’s So Hard To Say Goodbye” заедно со “Boys II Men”, додека поп ѕвездата Лизо ја отворила вечерта со баладата “Cuz I Love You” и зборовите “Ова вечерва е за тебе, Коби”.

“Да бидеме искрени, вечерва чувствуваме голема тага бидејќи Америка и светот изгуби херој. Буквално стоиме тука со скршени срца, во куќата која Коби ја градеше”, рекла Алиша.

Ѕвездите настапувале и примале награди додека на видео бимот се прикажувале дресови со броевите 8 и 24 кои Коби ги носеше во текот на својата величенствена кариера.

Врвот на вечерта била изведбата на Деми Ловато. Пејачката не успеала да ги задржи солзите, а со својата изведба ја расплакала и публиката.

Ловато вчеравечер се врати на сцената за првпат откако се предозираше летото 2018 година. Иако на почетокот на изведбата погрешила и започнала отпочеток, Деми триумфално ја извела песната “Anyone” по што следеле овации од публиката која била крената на нозе од емоции.


“Anyone” е првата песна која Деми ја снимила по предозирањето и тажен е увидот во сè што пејачката преживеала во текот на тој страшен настан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг