И без грам шминка изгледа фантастично: Дали ја препознавате познатата убавица?

Точка

27/01/2020

10:45

4.138

Големина на фонт

а а а

Славната актерка е толку убава, што ни трагите од замор не го уништуваат впечатокот.

29-годишната актерка Марго Роби, последните месеци работела на три филмови, а за остварувањето во "Bombshell" ја добила втората номинација за Оскар. 

Австралиската актера Марго Роби последните денови има полни раце работа. Русокосата убавица била видена на пат кон аеродром, а уште еднаш докажала дека и без грам шминка изгледа фантастично.

Сепак, на лицето на актерката се виделе трагови на замор, што воопшто не чуди со оглед на тоа дека последните месеци била преокупирана со снимање на хитови како "Once Upon a Time in Hollywood", "Bombshell" и "Birds of Pray", а заработила и уште една номинација за престижната награда Оскар.

На 92-рото доделување на Оскарите, кое не очекува на 9-ти февруари, 29-годишната актерка ќе се обиде да се избори за првата златна статуетка во кариерата во категоријата најдобра споредна актерка за "Bombshell".

Потсетуваме, Марго за истата награда била номинирана и 2018-та година, но во категоријата за главна актерка во филмот "I, Tonya".

Сепак, тогаш победила Франсес Мекдормант.



Спонзорирани линкови

Маркетинг