ФБИ отвори истрага: Зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал низ магла?

Точка

27/01/2020

09:52

4.226

Големина на фонт

а а а

ФБИ го истражува местото на несреќата каде се сруши хеликоптерот на Коби Брајант, несреќа во која загина легендарниот НБА кошаркар заедно со неговата 13-годишна ќерка и уште седум лица.

Неименуван функционер од ФБИ за „СиЕнЕн“ изјавил дека тим на ФБИ се наоѓа на местото на несреќата и дека им помага на локалните власти во истрагата за несреќата. Инаку, официјална истрага води Одборот за безбедност на националниот сообраќај, а се испитуваат причините за фаталната несреќа која го потресе светот.

Временските услови во моментот на летот не ги исполнувале минималните стандарди за летање поради густата магла, изјави портпаролот на службата, Џос Рубинштајн.

Тој додаде дека кога условите се такви, на хеликоптерите не им се дозволува да летаат.

„Не летавме во неделата наутро поради времето“, изјави Рубинштајн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг