Густата магла е причина за трагичната несреќа? Откриена е рутата на хеликоптерот на Коби Брајант

Точка

27/01/2020

09:18

4.769

Големина на фонт

а а а

Светот синоќа беше шокиран од трагичната вест која пристигна од Лос Анџелес - во хеликоптерска несреќа животот го загуби легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант.

Коби Брајант со уште осум лица патувал во неговиот приватен хеликоптер кој се сруши во предградие на Лос Анџелес. Во несреќата никој не преживеа, а меѓу патниците беше и неговата 13-годишна ќерка Џиана.

Засега не е познато дали дошло до некаков дефект, но според американските медиуми, една од главните причини за несреќата би можело да биде лошото време. Имено, непосредно пред несреќата, времето било многу магловито и влажно, а тоа дефинитивно му направило проблеми на пилотот.


Метеоролозите на „СиЕнЕн“ потврдија дека видливоста била многу лоша во периодот кога се срушил хеликоптерот.

„Влажноста на воздухот била 100%, што говори дека воздухот бил како супа“, за „СиЕнЕн“ ги опиша условите на лет Мајкл Гај.

Хеликоптерот повеќе пати кружел и ја менувал висината, неколку пати прелетал околу Зоолошката градина во Лос Анџелес, притоа летајќи многу ниско затоа што видливоста била мала.


Забележано било дека пилотот околу 9:30 часот го контактирал аеродромот „Бурбанк“ за време на кружењето, а 10 минути подоцна хеликоптерот свртел кон југ што било кобно, затоа што тоа било планинско подрачје.

Пилотот го подигнал хеликоптерот од висина на 350 метри на околу 600 метри, но за жал неколку моменти подоцна удриле во планината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг