Шок во светот на спортот, се огласи и Трамп

Нетпрес

26/01/2020

23:27

5.966

Големина на фонт

а а а

Спортскиот свет и НБА лигата се во шок во неделата вечерта по веста дека еден од најдобрите американски кошаркари на сите времиња, 41-годишниот Коби Брајант, загинал во хеликоптерска несреќа во Калабасас, град во американската сојузна држава Калифорнија.

Коби патувал со уште четири лица во приватниот хеликоптер кој се урнал, а несреќата никој не ја преживеал. Според последните информации, во хеликоптерот била и неговата 13-годишна првородена ќерка Џана, којашто и самата беше кошаркарка ѝ и предвидуваа успешна кариера.

„Коби е бесмртен. Понекогаш Вселената ги предизвикува овие работи“, објави ѕвездата на НБА лигата и на Лос Аџелес, Леброн Џејмс, кому неколку часа претходно Брајант му ја посветил својата последна објава на социјалните мрежи со порака на поддршка.

„Запрепастен сум. Зборовите не можат ниту приближно да опишат како се чувствувам. Ова е неверојатно тажен и трагичен ден“, порача легендата на Чикаго Булс, Скоти Пипен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Со Брајант загинала и неговата 13 годишна ќерка. Оделе на натпревар!

„Сите играчи мечтаеја дека еден ден ќе станат како него, или како Мајкл Џордан пред него… Тешко е ова“, изјави поранешниот тренер Стен Ван Ганди.

„Сопругата Џенет и јас немаме зборови со коишто би можеле да ги опишеме шокот и таката којашто ја чувствуваме по смртта на Коби Брајнат. Упатуваме молитви за него и неговото семејство“, напиша еден од најдобрите хокеари на сите времиња, Вејн Грецки.

„Веќе ни недостигаш“, објави НФЛ легендата, Том Бреди.

Се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Стасаа вести дека кошаркарската легенда Коби Брајант и уште три лица загинале во пад на хеликоптер во Калифорнија. Тоа е страшна вест“, напиша Трамп на Twitter.



Спонзорирани линкови

Маркетинг