Пријавил во полицијата дека неговата малолетната сестра живее вонбрачно со 23-годишно момче

Макфакс

26/01/2020

16:46

2.923

Големина на фонт

а а а

Дваесет и четиригодишен маж пријавил дека неговата малолетна 15-годишна сестра вонбрачно живее со лицето Б.Ѓ.(23) од селото Камен Дол.

„По превземени мерки, малолетничката била донесена во Полициската станица Кавадарци и во присуство на родител бил извршен разговор. Б.Ѓ. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вонбрачен живот со малолетно лице“, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг