Поранешните сопружници повторно заедно: "Ја обновија својата романса"

Точка

26/01/2020

16:43

7.391

Големина на фонт

а а а

Пријатели на поранешните холивудски сопружници тврдат дека Бред Пит и Џенифер Анистон се повторно заедно.

Според пишувањето на Mirror, Бред и Џенифер се обидуваат да го обноват стариот однос. 

Најблиските пријатели на славниот пар велат дека Бред и Џенифер најмалку пет пати биле на состанок пред неодамна да се сретнат на црвениот тепих и да предизвикаат бројни коментари на темата дека се повторно заедно. Дури и за божиќните празници биле заедно во нејзината вила.

"Мислам дека таа никогаш не престана да г сака, иако тој и го скрши срцето кога ја остави за Анџелина Џоли. И требаше многу време, но се му прости. Тоа е голем чекор ако сакате да продолжите понатаму", рекол пријател на актерката.

И пријателите на актерот тврдат нешто слично за Бред Пит.

"Единственото нешто за кое зборува е Џенифер. Ја обновија својата романса и не сум ги видел толку среќни со години", рекол неговиот колега чиј идентитет Mirror не го открива.

Потсетуваме, кога Бред на црвениот тепих го прашале дали Џенифер ќе му прави друштво на Оскарите, Бред се насмеал, поцрвенел и рекол дека нема да има придружба. Кога Џенифер била запрашана од новинарите за врската со Бред, таа имала подготвен одговор.

"Тоа е смешно. За што се луѓето зборуваат", рекла Џенифер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг