Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Макфакс

26/01/2020

15:58

3.519

Големина на фонт

а а а

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало од патот.

Како што информираат од МВР, Т.Б. од Црвен крст вчера пријавила дека над детското одмаралиште на Водно, додека се обидувале да стигнат до повредено лице на патеката, патничко моторно возило на Црвен крст “дачиа дастер“ излетало од патот и не биле во можност да пристапат до повреденото лице.

Од екипа на противпожарната бригада повредениот Г.С.(52) од Скопје бил извлечен, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Од страна на лекар констатирана била тешка телесна повреда што ја здобил додека се движел на Водно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг