Катастрофа во Бразил, поплавите однеле 30 животи: Дождовите направиле хаос, илјадници луѓе евакуирани

Точка

26/01/2020

15:14

1.129

Големина на фонт

а а а

Двата дена обилни дождови на југоистокот на Бразил предизвикале поплави и одрони, а најмалку 30 лица настрадале, соопштиле бразилските власти.

Како што наведуваат службениците за цивилна заштита, 17 лица се сметаат за исчезнати, додека 2.600 луѓе се евакуирани од своите домови во бразилската дражва Минас Жераис. 

Во Бело Хоризонте, главниот град на таа сојузна држава, за 24 часа паднала најголема количина на дожд некогаш забележана.

AP наведува дека уште врнежи се очекуваат во Минас Жераис, како и во други делови на Бразил, вклучувајќи ги Рио Де Жанеиро и Сао Паоло.




Спонзорирани линкови

Маркетинг