Добри вести од Кина, вакцината против коронавирусот е на пат: Научниците успеале да го изолираат, лабораториите работат со полна пареа

Точка

26/01/2020

12:57

2.113

Големина на фонт

а а а

Кинескиот центар за контрола и превенција на заразни болести почнал да развива вакцина против коронавирусот од нов тип 2019-nCoV, кој предизвикува воспаление на белите дробови, објавува "China Daily".

Во извештајот се истакнува дека научниците од центарот успешно го изолирале вирусот и дека работат на тоа да изберат вистински сој од вирусот за производство на вакцина. 

"Истражувањето и развивањето на вакцина за новиот вирус корона, кој предизвика поширока епидемија во Кина, е на пат", изјавил за весникот Су Венбо, директор на институтот за контрола на вирусни заболувања при тој центар.

Кинеските власти на 31-ви декември ја известила Светската здравствена организација за избивањето на епидемија на пневмонија со непознато потекло во градот Вухан, голем трговски и индустриски центар со 11 милиони жители.

Патогенот, вирусот корона 2019-nCoV, бил идентификуван на 7-ми јануари, Светската здравствена организација ја признала епидемијата како национална вонредна ситуација во Кина, но досега не прогласила глобална вонредна состојба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг