Тетката на Ким се појавила по шест години: Сопругот ѝ го убиле поради предавство, а се верувало дека и таа е мртва

Точка

26/01/2020

11:27

1.754

Големина на фонт

а а а

Тетката на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун прв пат се појавила во јавност по шест години, јавиле денес државните медиуми, загушувајќи ги гласините дека нејзиниот внук ја погубил.

Според извештајот на Централната новинска агенција на Кореја, Името Ким Кјонг Хуи било на списокот на највисоко службеници од Северна Кореја кои во саботата во театарот во Пјонгјанг гледале претстава по повод обележувањето на Лунарната нова година. 

Новините објавиле и фотографија на која се гледа како Ким Кјонг Хуи седи во театарот покрај Ким Јонг Ун и неговата сопруга Ри Сол Ју, пренесува AP. Ким Кјонг Хуи некогаш била влијателна личност во Северна Кореја како единствена сестра на покојниот лидер на таа земја, Ким Јонг Ил, татко на Ким Јонг Ун.

Таа некогаш била на високи позиции, а се верува дека имала клучна улога во насочувањето на Ким Јонг Ун како следен лидер, откако нејзиниот брат доживеал мозочен удар во 2008-ма година. Нејзината судбина била доведена во прашање по погубувањето на нејзиниот сопруг Џанг Сонг Тек, некогашен втор човек во државата, кој е осуден за предавство во 2013-та година.

Откако ја пропуштила државната церемонија по повод втората годишнина од смртта на Ким Јонг Ил, нејзиното име не било споменувано во државните медиуми на Северна Кореја, а се шпекулирало дека внукот ја погубил или дека починала поради проблеми со црниот дроб.

Аналитичарите оценуваат дека појавувањето на Ким Кјогн Хуи во јавноста е дел од настојувањето на севернокорескиот лидер да го засили единството на владејачкото семејство, но дека таа веројатно нема да го врати своето политичко влијание.




Спонзорирани линкови

Маркетинг