Денес е една од најбараните светски манекенки, а пред 10 години се мачела со алкохолот

Точка

25/01/2020

15:42

4.419

Големина на фонт

а а а

"На почетокот тоа беше тешка борба, но и најдобрата одлука која некогаш сум ја донела", рекла оваа убавица.

Шведската манекенка Елса Хоск важи за една од најбараните манекенки во светот, меѓутоа, во минатото се борела со еден порок. Имено, русокосата убавица имала проблеми со алкохолот, а според нејзината исповед, веќе десет години не консумира. 

"Пред точно 10 години бев сосема изгубена, немав премногу работа, па одлучив да се преселам во Њујорк, кој беше преголем залак, поради што дополнително се изгубив. Ми требаше долго време да сфатам дека проблемот е во мене", рекла Елса своевремено и продолжила:

"Се исчистив од порокот, се отрезнив и научив дека сум алкохоличар, и дека тука постои цел свет во кој луѓето живеат трезни. Запознав неверојатни луѓе и пријатели, па така повторно се пронајдов. Тоа што дојде потоа е нешто што не можев ни да го замислам и за што ќе бидам вечно благодарна", навела Елса.

"Ако моментално се мачите, или се чувствувате изгубено од било која причина, се е во ред. Се надевам дека ќе најдете сила да тргнете напред и да ја пронајдете среќата", заклучила манекенката, која кажала дека најдобрата работа е тоа што го оставила алкохолот.

"На почетокот тоа беше тешка борба, но и најдобрата одлука која некогаш сум ја донела", рекла Елса.




Спонзорирани линкови

Маркетинг