Во арапските медиуми вирално се шири видеото од состанокот на претседателот Владимир Путин и палестинскиот лидер Мухамед Абас во Витлеем на кое Путин додека поминува ја подигнува од подот капата на еден од припадниците на почесната гарда.
Како што се гледа на снимката, поминувајќи покрај почесната стража, Путин забележал дека на еден од гардистите капата му е на подот по што ја зема и ја става на главата на припадникот на палестинската почесна гарда. Заминувајќи, Путин го охрабрил гардистот и му покажал палец подигнат нагоре.
Видеото го објавил фотографот на претседателот на Палестина, Мухамед Атик.
„Почитување на претседателот Путин кон палестинската гарда“ - напишал тој под видеото.
В Палестине восхищены Путиным: он поднял упавшую фуражку офицера караула. Видео фотографа Аббаса распространяется в арабском мире со скоростью нового коронавируса pic.twitter.com/gQtrkL0Zjo
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) January 24, 2020
Палестинскиот лидер и членовите на делегацијата позитивно реагирале на гестот на рускиот лидер.
Да ве потсетиме дека Путин и претходно се состанувал со Абас. Разговарале за “споразумот на векот“ и за решавање на конфликтите помеѓу Израел и Палестина.