Ужас во Мелбурн! Брутална тепачка на Австралијан опен, а тоа ретко се случува на тениските турнири

Точка

25/01/2020

15:16

6.912

Големина на фонт

а а а

Почетокот на натпреварот на третото коло на Австралијан опен помеѓу Ник Кирјос и Карен Хачанов доцнело поради тепачката на навивачите на трибините на “Мелбурн Арената“.

Австралијанецот од првото коло барал од организаторите своите натпревари да ги игра на третиот најголем стадион во Мелбурн поради “електичната“ атмосфера на истиот.

Но, таа станала премногу електрична непосредно пред почетокот на натпреварот со рускиот тенисер.

Двајца навивачи од кои еден носел дрес од руската фудбалска репрезентација, од сè уште непознати причини влегле во физичка пресметка, а по размената на удари, реагирало и обезбедувањето на стадионот.

##https://twitter.com/sadieadlers/status/1220985844846100480##

Кога луѓето кои се задолжени за мир на првиот грен слем во оваа сезона чекореле кон трибините и дошле до местото на инцидентот, голем број луѓе се нашле во непосредна близина и со прст покажувале кон момчето кое било облечено во фудбалскиот дрес па токму тој во придружба на обезбедувањето бил изведен надвот од стадионот, а остатокот од гледачите сето тоа го поздравиле со громогласен аплауз. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг