Пред неколку месеци го продолжи договорот со Барселона, а сега Сетиен по само една недела го „избрка“ од тимот: Рома следна дестинација за Перез

Дерби

25/01/2020

14:27

2.190

Големина на фонт

а а а

Шпанските медиуми пренесуваат дека Кике Сетиен го повлекол првиот порадикален потег и побарал од челниците на клубот да се ослободат од еден фудбалер на тимот.

Станува збор за младиот офанзивец Карлес Перез кој неодамна го продолжи договорот со каталонскиот тим.

Перез е блиску до позајмица во редовите на Рома, а италијанскиот клуб ќе може целосно да го откупи неговиот договор по истекот на позајмицата.

Рома е во потрага по офанзивен фудбалер по повредата на Николо Ѕаниоло, а откако им пропадна можноста да го ангажираат Џердан Шакири од Ливерпул се насочија кон Перез и овој трансфер веројатно ќе им успее.



Спонзорирани линкови

Маркетинг