Силен земјотрес во Турција, најмалку четворица мртви и повеќе урнати згради

Макфакс

24/01/2020

21:19

2.718

Големина на фонт

а а а

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди денес источниот дел на Турција. Тлото се тресело во округот Сиврице, во провинција Елазиг, околу 20:55 часаoт по локално време (18:55 po средноевропско), објави владината агенција за катастрофи.

Турските власти соопштија дека четири лица загинале, пренесе агенцијата АФП. 

Некои жители на овој регион на страниците на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар напишаа дека темелите на нивните домови силно се занишале. Други напишаа дека делови од нивните куќи се оштетени, пренесува хрватски „Индекс“. 

Локалните медиуми објавија дека се срушиле и неколку станбени згради, а на интернет се појавија и првите снимки по потресот.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу пред новинарите изјави: „Сиврице е сериозно погоден, спасувачките екипи се на пат“.

Тој рече дека во оваа област се урнале повеќе згради.

Поради местоположбата на земјата, земјотресите не се невообичаени на територијата на Турција. Во 1999 година, во земјотрес со јачина од 7,4 степени загинаа повеќе од 17.000 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг