Трамп удри и по бременоста! Забрани врска и породување во Америка, сега настанува вистински хаос!

Точка

24/01/2020

21:05

4.405

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, решил да зададе нов удар за илегалната имиграција, така што значително ќе го заостри издавањето на визи за трудници.

Имено, породилниот туризам е еден од најпрофитабилните работи за криумчарење луѓе.

Поради тоа, администрацијата на Трамп решила да воведе визни рестрикции за жените кои се во блажена состојба, чија цел е да му застанат на пат на породилниот туризам. Во иднина, трудниците кои ќе аплицираат за виза ќе мора да докажат дека доаѓаат во Америка поради медицински третман и дека имаат доволно пари за да го платат.

Правилата претставени во Стејт димартментот веќе стапуваат на сила. Доаѓањето поради породување во Америка досега беше целосно легално иако федералните власти често апселе учесници во многу поразредена шема на породилен туризам, а под обвинение за измама околу визи и затајување на данок.

Повеќето бремени жени при разговор за виза покажувале дека имаат потпишани договори со докторите или болниците во кои планираат да се породат. Веднаш после победата на изборите во ноември 2016-та година, Трамп најавил дека ќе се бори против сите видови илегални имиграции, а изградбата на ѕидот со Мексико била една од најважните теми во кампањата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг