Мотоциклистот Стравер почина од повредите добиени на Дакар релито

Макфакс

24/01/2020

18:50

4.297

Големина на фонт

а а а

Организаторите на Дакар релито потврдија дека холандскиот мотоциклист Едвин Стравер починал од сериозните повреди кои ги доби при падот на претпоследната етапа од релито на изддржливост во Саудиска Арабија, станувајќи втората жртва на трката по Португалецот Пауло Гонсалвес.

48-годишниот Стравер паднал по 124 километри од 11-тата етапа на трката на 16 јануари, по што веднаш со хеликоптер бил однесен во клиниката во саудиската престолнина Ријад. Кога пристигнале медицинските лица до местото на несреќата, им биле потребни десетина минути да му го вратат пулсот, по што прегледите покажале дека тој го има скршено вратот, по што починал денеска наутро, осум дена по несреќата. 

Во повеќе од 40 години од Дакар релито има бројни жртви посебно во категоријата на мотоцикли. Гонсалвес загина директно по падот во неделата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг