Нова препорака од СЗО: Подгответе се, смротносниот вирус се шири

Точка

24/01/2020

20:33

3.902

Големина на фонт

а а а

Експертите од Меѓународната комисија за вонредни ситуации при СЗО им препорачале на сите земји да се подготват за понатамошно ширење на коронавирусот.

Исто така, како што пренесуваа агенцијата "Srna", на владите и останатите службеници од сите земји им се препорачува да преземат мерки за претпазливост, било соопштено на интернет страната на СЗО. 

Во соопштението се наведува дека се очекува коронавирусот да се внесе во било која држава, и дека сите држави треба да се подготват за сузбивање на ширењето со активно следење на ситуацијата, рано откривање на заразата, изолирање и контролирање на случаите, следење на контактите, спречување на понатамошно ширење и доставување на сите податоци во организацијата.

СЗО во извештајот ги повикува земјите посебно да обратат внимание на намалувањето на заразата кај луѓето, спречување на секундарно пренесување и ширење на меѓународно ниво, како и да придонесат за меѓународно одговорна мултисекторска комуникација и соработка, и активно да учествуваат во добивањето на сознанија за вирусот и заразата.

Меѓународната организација ја повикала глобалната заедница да покаже солидарност и соработка во пронаоѓањето на изворот на новиот вирус и откривање на целосниот потенцијал на пренесувањето, како и за спроведување на истражувања со цел пронаоѓање на потребниот лек

Бројот на случаи на новиот коронавирус веројатно ќе продолжи да расте во Кина, изјавил портпаролот на Светската здравствена организација Тарик Јашаревиќ. Инаку, во Кина досега од заразата починале 26 луѓе.

"Фокусот не е толку на бројот на случаите, за кои знаеме дека ќе порасне", рекол портпаролот на СЗО во Женева. Тој навел дека кинеските власти досега официјално пријавиле 830 заболени и 26 смртни случаи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг