"Се обидував да го оттргнам од себе! Го удирав, го клоцав"

Точка

24/01/2020

18:44

3.605

Големина на фонт

а а а

Италијанско-американската актерка Анабела Шјора сведочела во случајот против Харви Вајнштајн, па на суд уште еднаш потврдила дека холивудскиот продуцент брутално ја силувал пред 25 години.

Шјора, која е позната по улогата во култната серија "Сопранови", рекла дека Вајнстајн насилно влегол во нејзиниот стан на Менхетн и ја силувал. Рекла и дека се обидела да се одбрани и да побегне во бањата, но дека не успеала. 

Таа прв пат јавно зборувала за тоа на еден настан во Њујорк во 2017-та година.

"Се обидував да го тргнам од себе. Го удирав, го клоцав...Се чувствував беспомошно бидејќи тој е многу силен", рекла таа пред судот.

Вајнштајн и натаму ги негира сите обвиненија кои вклучуваат и силување. Ако славниот продуцент биде осуден, би можел остатокот од животот да го мине зад решетки.

Шјора е една од шест жени за кои се очекувало дека ќе сведочат против Вајнштајн. Медиумите наведуваат дека судењето за инцидентот за кој Шјора тврди дека се случил пред 25 години тешко би можело да продолжи во Њујорк.

Сепак, обвинителите се обидуваат да го искористат сведочењето на оваа актерка, кое ги потврдува нивните обвиненија дека Вајнштајн е сексуален предатор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг