Илјадници Ирачани на собир против американските трупи: "Надвор окупатори"

Точка

24/01/2020

21:52

1.735

Големина на фонт

а а а

Илјадници приврзаници на моќниот ирачки шиитски лидер Моктаде Садр денес протестирале во Багдад, барајќи заминување на американските трупи од Ирак, каде антиамериканското располжение се зголемило последните неколку недели.

Извикувајќи "Надвор окупатори" и "Да, за суверенитет", приврзаниците на Моктаде Садр се собрале во централниот кварт Џадријах, веејќи ирачки знамиња. 

Садр повикал на мирни демонстрации од милиони луѓе против американското присуство.

Овој собори е одвоен од антвладините протести чиј интензитет малку спласнал по американското убиство на иранскиот висок генерал Касим Сулејмани во Багдад на 3-ти јануари.

Садр во соопштението кое го прочитал неговиот претставник повикал на повлекување на американските трупи од Ирак, поништување на безбедносните договори меѓу Багдад и Вашингтон и затворање на ирачкиот воздушен простор за американски воени авиони.

Шиитскиот лидер исто така го повикал американскиот претседател Доналд Трамп да не биде арогантен кон ирачките власти. Тој рекол дека доколку сите тие барања се исполнат тие ќе ги третираат САСД како земја која не е окупаторска, а во спротивно ќе ја сметаат САД за непријателска земја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг