“FD One”: Погледнете како ќе изгледа првото летечко “Ferrari”

Супермен

24/01/2020

16:52

2.352

Големина на фонт

а а а

Некои работи кои се однесуваат на иднината на “Ferrari” веќе нѝ се познати: во наредните години ќе видиме уште неколку хибриди, започнувајќи со “SF90 Stradale” оваа година додека во 2022 година се очекува првиот SUV модел кој ќе се нарекува “Purosangue”.

Иако во Маранелa сè уште не започнале да работат на летечки автомобили, визијата за едно такво “Ferrari” неодамна го освои интернетот. Италијанското студио “Lazzarini Design” објави видео анимација од футуристичкиот летечки автомобил наречен “FD One”. 

Ваквото возило поседува три пропелери, а неговиот дизајн е инспириран од тркачките модели од 50-тите години на 20-тиот век.

Изгледот потсетува на “Ferrari 500”, тркачкиот автомобил со кој Алберто Аскари ги освои своите први две титули на светски шампион во Формула 1, 1952 и 1953 година.


Летачкото “Ferrari FD One” би требало да има три коаксијални електрични пропелери кои ќе ги придвижува V12 мотор со три одвоени акумулатори. Од компанијата наведуваат дека возилото ќе биде долго нешто повеќе од 7 метри и полесно од 1.000 килограми, како и дека ќе може да достигне брзина од 500 км/ч., па се чини дека отворената пилотска кабина можеби и не е најдоброто решение.

“Lazzarini Design” моментално е во потрага по инвеститори кои се спремни да вложат пари во изградба на прототип од првото летечко “Ferrari”.

*Повеќе фотографии ТУКА.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk