Познатата актерка ја покажала новата тетоважа: На безобразно место е, но дали ви е јасна пораката?

Точка

24/01/2020

16:08

4.380

Големина на фонт

а а а

Ванеса Хаџенс им се пофалила на фановите со нова тетоважа.

Една од најпопуларните актерки на младите генерации, 31-годишната Ванеса Хаџенс, чиј филм "Bad Boys For Life" моментално е најгледан во САД, решила да се почести со нова тетоважа, која ја направила во едно тату-студио во Њујорк. 

Младата холивудска ѕвезда на торзото, близу до своите гради, истетовирала сончоглед, а со новата "шара" се пофалила на Инстаграм.

Инаку, Ванеса неодамна ја раскинала 8-годишната врска со колегата Остин Батлер, кој ќе го игра Елвис Присли во биографскиот филм за кралот на рокенролот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг