Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, е дел од новото издание на “30 прашања со”. По примерот на Оливер Спасовски, Мила Царовска, Радмила Шеќеринска и Костадин Костадинов, овој пат директорката на УЈП одговори на 30 секојдневни прашања поврзани со работата и приватниот живот.
Нов Зеланд е земјата која сака да ја посети, јаде сè освен полнети пиперки, не може да живее без појадок и супермоќта која би сакала да ја поседува е да пронајде лек за сите болести.
На кој филм има плачено, кога била најсреќна во животот, најголема предрасуда за УЈП и многу друго, дознајте од видеото во продолжение: