Колинда се премисли, бара канцеларија и по мандатот

Макфакс

24/01/2020

15:30

3.135

Големина на фонт

а а а

Хрватската претседателка во заминување, Колинда Грабар-Китаровиќ, се премислила и се откажа од намерата да не бара на располагање канцеларија што ќе ја користи по истекот на мандатот на 18 февруари, пренесува „Индекс“.

Хрватскиот портал потсетува дека Грабар-Китаровиќ го почна својот мандат со ветување дека ќе го премести претседателскот кабинет од Пантовчак заради заштеда, а го завршува со најава дека ќе бара канцеларија што ќе ја користи по истекот на мандатот затоа што, како што изјавила за „Нова ТВ“, сака да продолжи да работи на брендирањето на Хрватска и дека за тоа ѝ треба база.

Таа посочила дека не може да седи негде и да не работи ништо, истовремено тврдејќи дека својот наследник Зоран Миланивиќ ниту ќе го критикува, ниту ќе го фали, ниту ќе ја коментира неговата работа.

Според важечките прописи, Грабар-Китаровиќ има право шест месеци да добива надомест во висина на платата, која изнесува 24.376,20 куни (3.276 евра) нето, а потоа уште шест месеци 50 отсто од таа плата.

Како поранешен претседател има пет години право на канцеларија, на двајца државни службеници, личен возач и службено возило, а правото на физичка заштита ќе го има трајно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг