Беше ѕвезда на Премиер лигата, а сега го чека робија поради шверц со два тони кокаин

Точка

24/01/2020

16:20

6.341

Големина на фонт

а а а

Поранешниот колумбиски фудбалски репрезентативец Џон Вијафара, депортиран бил во САД поради тоа што треба да се соочи со обвиненијата за трговија со дрога.

Поранешниот репрезентативец наводно организирал дистрибуција на два тони кокаин од Колумбија во САД по пат на мали авиони и глисери.

Нивната вкупна вредност е проценета на повеќе од 27 милиони долари.

Во март, претходната година Вијафара (41) бил уапсен во Колумбија по потерница на САД, а изрекувањето на казната започнало оваа седмица.

Некогашниот играч од среден ред кариерата ја започнал во Депортиво Пест, а потоа за многубројни колумбиски клубови, меѓу другото, Америка и Депотиво.

Во Европа бил член на Портсмутс (2005-2006-та година), Саутемптон (2006-2008-та) и Реал Сосиедад (2006-та година).




Спонзорирани линкови

Маркетинг