“Ги поддржувам илјада отсто, не ги осудувајте”: Опра Винфри се изјаснила за кралскиот скандал

Точка

24/01/2020

15:07

1.734

Големина на фонт

а а а

Поминаа повеќе од две недели откако Меган Маркл и принцот Хари објавија дека се одрекуваат од кралската должност и стануваат финансиски независни.

Многу јавни личности го прокоментираа ваквиот настан, а помеѓу нив се најде и познатата водителка Опра Винфри. Имено, додека шетала во вторникот навечер низ улиците на Њујорк со најдобрата пријателка Гејл Кинг, странските медиуми ја застанале и ја прашале што мисли за скандалот со Меган и Хари. 


“Ги поддржувам илјада отсто. Знаете зошто? Бидејќи верувам дека кога размислуваш толку долго за тоа како што размислувале тие, а дури и кралицата Елизабета рекла дека ова се одвивало со месеци... Хари пред некој ден рече дека ја донел ваквата одлука за на мир да создаде иднина со своето ново семејство. Потребна е голема сила за да се донесе ваква одлука и да се напушти сè што знаеш целиот свој живот. Да кажеш “Го одбирам овој живот или што верувам дека е највистинитата верзија за мене”. Кои сме ние да го осудуваме тоа?”, изјавила таа.


“Направи сè што мораше за своето семејство. Мислам дека никој нема право да каже било што. Кога личноста размислува која е најдобрата одлука која може да ја донесе за своето семејство, а потоа тоа и го прави, никој од нас нема право да коментира”, додала Опра.

И Гејл Кинг се вклучила во коментирање на кралската драма:


“Не ја донеле изненадно ваквата одлука. Долго време разговарале за тоа. Сметам дека не е во ред да се каже дека кралицата е “слепа”. Дури и таа рекла дека разговорите поврзани со ова се одвивале со месеци”, изјавила Гејл и додала дека Меган не е третирана на добар начин:

“Мислам дека е слатка, нежна, драга... Неверојатно е дарежлива со времето и духот и сметам дека би требало да слушаме повеќе за тоа”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг