„Најголемиот непријател на човештвото“: Никола Тесла сметал дека ова се најголемите препреки кон успехот

Точка

24/01/2020

15:45

9.186

Големина на фонт

а а а

Никола Тесла сметал дека успехот во животот е невозможен доколку тој не успее да го пронајде мирот и доколку не се посвети на реалноста.

„Постојат три начини како може да се зголеми енергијата која го одредува човечкиот процес“ - рекол Тесла.

Прво, можеме да ја зголемиме масата. Тоа, во случај на човештвото би значело подобрување на условите за живот, здравјето, развојот на видовите и слично.

Второ, можеме да ја намалиме силата на отпорот која го успорува напредокот како што се незначителните глупости и религиозниот фанатизам.

Трето, можеме да ја дуплираме енергијата на човечката маса со владеење на силите на универзумот како што е силата на Сонцето, океаните, ветровите и плимата и осеката.

Со првиот метод остваруваме повеќе храна и општа благосостојба.

Со вториот метод создаваме услови за мир, а со третиот наша способност да работиме и создаваме.

Напредок, било каков, невозможен е доколку нашите напори не се насочени кон зголемување на благосостојбата, мирот и создавањето. Според тоа, механичкото сфаќање на животот е во учењето на Буда и Исус“ - изјавил Тесла.




Спонзорирани линкови

Маркетинг