Пукање во зграда во Германија: Убиени најмалку шест лица!

Точка

24/01/2020

15:26

2.620

Големина на фонт

а а а

Како што се наведува, до инцидентот дошло во градот Рот ам Зеу.

Најмалку шест лица биле убиени денес во пукање во Германија, а според првичните информации, напаѓачот е уапсен. 

Истрелите се слушнале во малиот град во Германија, каде живеат само 5.300 жители, а се наоѓа на 110 километри од Штутгарт.

Локалните медиуми објавиле дека има шест мртви, додека полицијата само рекла дека има "многу загинати и повредени".

Германските медиуми шпекулираат дека мотивот за масакрот е "љубов односно љубомора". Органите за ред рекле дека не станува збор за терористички напад, туку за "семејна расправија".

Полицијата соопштила дека примила повик во околу 12:45 часот и дека ситуацијата е под контрола по акцијата на органите за ред.

"Има поголема полициска операција во Рот ам Зеу, каде дошло до пукање во зграда. Веројатно има загинати, а неколку луѓе се повредени. Засега нема докази за други извршители", стои во објавата на локалната полиција на Твитер, која додала дека ситуацијата е под контрола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг