Фановите во шок по протекувањето на видеото од снимањето на шоуто „Carpool Karaoke“ со Џастин Бибер

Точка

24/01/2020

14:07

2.346

Големина на фонт

а а а

Обожавателите на популарната емисија Carpool Karaoke на Џејмс Корден биле огорчени кога сфатиле дека водителот воопшто не вози откако вчера на Твитер се појавила снимка од снимањето на шоуто во Лос Анџелес во средата.

Корден и Џастин Бибер снимале за најновото издание на The Late Late Show, а видеото од снимањето многумина ги изненадило. Корден седел позади воланот на црниот Ренџ Ровер, а го влечел камион.

„Ги видов Џастин Бибер и Џејмс Корден како снимаат Carpool Karaoke и поради тоа имам проблеми со довербата - тој воопшто не вози“ - напишал некој корисник на Твитер покрај снимката која вчера вечерта ја објавил на таа социјална мрежа, а истата била прегледана речиси 12 милиони пати.

Некои обожаватели на социјалните мрежи биле разочарани затоа што мислеле дека Корден ги лаже своите гледачи. Други пишувале дека се среќни поради тоа што водителот на прво место ја става сигурноста на екипата.

Од The Late Late Show се огласиле по многубројните реакции на интернет:

„Џејмс секогаш вози во текот на Carpool Karaoke“ - рекле тие па продолжиле:

„Но, во ретки прилики кога постојат каскадерски компоненти и продуцентите мислат дека е несигурно да вози па тогаш користиме помошна опрема“ - заклучиле тие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг