Втор ден карантин во Вухан: Улиците се пусти, а граѓаните со часови чекаат во болниците за преглед

Точка

24/01/2020

14:32

1.356

Големина на фонт

а а а

Вториот ден од карантинот поради ширењето на Корона вирусот и ден во пресрет на почетокот на одбележувањето на кинеската Нова година, улиците на 11 милионскиот град кои се обично преплавени, сега се пусти.

Празни улици, празни пазари и по некој човек со кеса кој се снабдил со основни намирници за во случај на уште подолг карантин - така денес изгледаат улиците во големиот кинески град Вухан каде што изби опасниот Корона вирус.

Во видео објавите на социјалните мрежи можат да се видат преполните болници каде луѓе со маски на лицата чекаат да проверат дали се заболени од новиот вирус.

На една од снимките која ја објави „СиЕнЕн“ може да се види ходник во болница преполн со пациенти, додека една медицинска сестра им вели да престанат да зборуваат и да ја слушаат, додека на други работници им дава инструкции да ги подредат луѓето кои доаѓаат по резултатите.

Извори од Вухан за новинарите на „СиЕнЕн“ открија дека болниците се пренатрупани и се обидуваат да го решат тој проблем.

Во пресрет на кинеската Нова година, сообраќајот е стопиран во најмалку 10 градови во провинцијата Хубеи која има популација од околу 60 милиони жители. Поради недоволните капацитети, во Вухан веќе започна изградба на нова болница која би требало да биде завршена за неколку дена.

Од Корона вирусот досега починаа 26 лица, а над 800 се заразени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг