Солскјер уште еднаш се обиде да ја смири ситуацијата: Пред нас е многу работа, на Ливерпул му беа потребни…

Дерби

24/01/2020

12:23

1.117

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед се наоѓа во тешка криза која е кулминација на лошата работа на управата во последните седум години.

Ед Вудвард не се покажа како добар извршен директор, па неговите потези надополнети со грешките на сопствениците, но и тренерите го доведоа Манчестер Јунајтед на тоа ниво да го има најлошиот старт во лигата во последните 30 години.

Тренерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер пред натпреварот со Транмере во ФА Купот се обиде да ја смири целата ситуација и најави дека нема да носи десет фудбалери во еден преоден рок.

– Според мене имаме уште многу работа преднас. Секако, може да видиме пример во другите тимови кои играат добро. Јирген потроши четири години на градење на тим, а сега нив им оди навистина добро, многупати кажав, нема набрзина да ги решаваме проблемите. Нема да донесеме осум или десет играчи во еден преоден рок. Имавме еден солиден трансфер период летоска, а во јануари секогаш е тешко да донесеш играч, но ние и во моментов се обидуваме да донесеме фудбалери, - изјави Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг