Познати почетните петторки за НБА Ол-Стар натпреварувањето

Дерби

24/01/2020

11:51

634

Големина на фонт

а а а

На 16 февруари во Чикаго ќе се одигра долгоочекуваниот Ол-Стар натпревар во кој свое учество како и секоја година ќе земат најдобрите играчи од НБА Лигата.

И оваа година исто како и лани капитени на Истокот и Западот ќе бидат Леброн Џејмс и Јанис Адетокумпо, а од НБА веќе ги избраа и почетните петторки кои ќе излезат на паркетот во Чикаго.

За Западната конференција покрај Леброн Џејмс ќе настапат и Лука Дончиќ, Џејмс Харден, Кави Ленард и Ентони Дејвис, додека пак боите на Истокот ќе ги бранат Кемба Вокер, Тре Јанг, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумпо и Џоел Ембид.

Следната недела ќе бидат објавени и резервните играчи кои ќе земат учество на спектаклот во Чикаго.



Спонзорирани линкови

Маркетинг